Во 2003 година започнува да се слави Мовембер – односно ноември како месец за јакнење на свесноста за машкото здравје, пред сѐ ракот на простатата. Овој месец многу мажи ширум светот пуштаат и носат мустаќи како симбол за потребата од превенција на рак на простата. Редовните превентивни прегледи и правилната исхрана се клучни фактори за заштита. Овој ноември блогот го посветуваме на машкото здравје.
Што е простата?
Простата е жлезда која е лоцирана под мочниот меур и пред ректумот. Нејзината функција се состои во производство на течност која ја храни и пренесува семиналната течност. Ракот на простата настанува кога клетките кои го градат ѕидот на истата почнуваат абнормално да растат. Ракот на простата е малигно заболување.
Заштита преку превентивни прегледи
Како и кај сите малигни болести, во првата фаза нема многу јасни знаци кои рано се јавуваат и кои може да го предупредат пациентот. Рани знаци на рак на простата нема. Затоа треба да се прави ехо-преглед. Постојат два начини кои медицински се препорачани – преку физички преглед кај уролог и преку тумор маркери (ПСА) да се утврди дали евентуално постојат одредени процеси кои може да асоцираат на малигно заболување. Некаде во 40-тата година од животот е потребно секој маж да направи базично или иницијално мерење на ПСАза да се утврди која е моменталната вредност на ПСА, за подоцна, кога повторно ќе се мери, после 10 или 15 години, да се види дали постои некој тренд, дали има зголемување или има стабилна вредност.
Сепак, важно е да се знаат и симптомите. Нема специфични симптоми кои ќе алудираат само на рак на простата. Во симптоми спаѓаат зголемена потреба за мокрење, особено навечер, проблем со измокрувањето, пациентот има чувство дека не може да го доврши мокрењето, болки во карличниот дел, проблеми со ерекција, со ејакулација. Сето тоа се неспецифични симптоми кои би требало да го натераат човекот да отиде на лекар и да направи преглед.
Храната како превенција
За среќа, многу научни студии, пред сѐ, епидемиолошки, покажуваат дека исхраната има свое дејство и при спречувањето да не дојде до развој на рак на простата, но и кај терапијата. Од аспект на спречувањето, утврдено е дека ликопенот, кој го има во доматите, има многу силно заштитно дејство. Од друга страна, пак, студиите покажуваат дека храна со многу висок процент на калциум, како сирење, заситени масти и слични видови храна, може да придонесе да се зголеми ризикот и да се појави рак на простата. Препораките кај пациенти кај кои веќе се појавил рак на простата се да се употребува колку што е можно повеќе храна од растително потекло, да се намали внесувањето масти, особено на заситени, и тоа до минимум. Тука се подразбира месо, млеко и млечни производи. Исто така, мора да се намали внесот на рафинирани шеќери и рафинирано брашно. Сето тоа да биде поддржано со добар внес на течности и со редовна физичка активност.
Здрава храна и повеќе вода за намалување на симптомите при заболувања на простатата
За здрава простата нутриционистите препорачуваат двапати неделно консумација на риба богата со омега 3 масти, органска соја и производи богати со фитоестрогени за намалување на производството на тестостерон. Како клучен продукт во превенцијата и намалување на симптомите на заболување на простатата е доматот богат со ликопен – како свеж, сос или сок од домати. Покрај тоа препорачливо е да се консумираат јадења од коприва, свеж лук, ореви и бадеми. Потребна е и храна богата со цинк, а клучно е да се пијат и по 8 чаши вода на ден. Важно е да внимавате да пиете вода која е здрава, хигиенска, проточна, вода која не стои долго време во пластични шишиња.
Препорака од CleanWater.mk
Ние, ноември го посветуваме на прочистена и филтрирана вода збогатена со минерали, за машкото здравје и за појак имунитет – препорачуваме вода збогатена со цинк едноставно и лесно со бокалите за филтрација на BWT https://www.cleanwater.mk/bokali .
Извор на информации:
Comments